Се уште не можам да се соземам од тоа што МАКЕДОНИЈА синоќа го направи среде Италија. Длабоко во себе верував, се надевав, очигледно желбата која ја имавме сите ние како нација, заедно со играчите, направи желбата да стане јаве.

МАКЕДОНИЈА е жива, само тоа ќе речам. Очигледно дека народот крена раце од политиката и политичките партии, но дека знае кој е, што е, што сака, и во што верува, еден куп настани ни потврдија. На огромно жалење на некои внатрешни тумори во државата, а лоботомирани малку северџани, и на некои надворешни фактори, Македонија е тука, Македонија е во срцата на сите од нас.

Ноќеска се тресеа и радуваа сите. Цела Македонија, обединети зад сонцето. И она државното, и зад Кутлешот! Фудбалерите, заедно со ракометарите и одбојкарите, како да се препородија изминативе години, па кога сите ќе кренеа раце од нив, се издигаат ко Феникс. Очигледно, овие кои пркосат на суровата реалност си газат, само „посеверџанетите“ кошаркари тонат. Таму една бивша „легенда“ им го шлапна со големи букви она Северна на дресот и од тогаш се тиња. И тој, и златната копачка, и една шака ликови кои тргнаа против народот, се уште чекаме да не внесат во Европската унија, во која сум речиси сигурен дека никогаш нема да не прими во своите редови уште неколку децении, а чекаме нели и бесплатно европско здравство, како што ни беше ветено, заедно со бетон идентитет, јазик, историја.

Доаѓа недела! Се надевам дека нашите херои ќе гинат на теренот, и дека ќе дадат се од себе да се пласираат на Светско. Ако Александар пред 2300 години отишол до Индија, се надевам дека 24 века подоцна денешниот Александар (м.з. Трајковски) ќе отиде до Катар, и така е на гурбет во Саудиска Арабија, па нека ги повлече и другите.

Браво наши херои. На чело Трајковски, па големиот Арјан Адеми, па златниот Енис Барди, па луцидниот Алиоски, мирниот Столе Димитриевски, браќата Ристовски, малиот Чурлинов, Велковски и Муслиу, како и Николов, сите резерви до еден, и секако, повторно назад големиот Елиф Елмаз, идната голема ѕвезда на светскиот фудбал.

Сите вие, на крилата на народот, на МАКЕДОНИЈА, покажете и докажете дека сте наши херои, дека сте над дневната политика на политичките партии, но дека вие сте реал политиката на Македонија, македонскиот народ и на сите на кои Македонија им е во срцето.

Нека се веат знамињата, нека ечи гордо песна убава. Да се навива со срце и душа за МАКЕДОНИЈА, никогаш против другите. Да не дозволиме со негативна реторика, со лоша мисла некој да не оцрнува. Пееме и навиваме за нас. За победа.

За крај, една песна за сите обезличени северџани, за политичарите кои ноќеска и утрово честитаа јавно, а објавуваат знаменциња, воздржувајќи се макар и на личните профили да напишат МАКЕДОНИЈА. Не знам дали сте само продадени души, или сте си ги продале и задниците, ама во ниту еден договор не пишува дека не можете самите да се ословите за Македонци, или да кажете и пишете МАКЕДОНИЈА. Ако не продадовте официјално, бар не морате да се срамите и да се мачите да честитате на народ и земја на која се срамите да и го кажете името. Тогаш барем напишете го она истото кое насилно го донесовте во Собрание, па да видите какви коментари ќе добиете. Фала ви за честитките и за знаменцата. Народот памети се, и ќе казни.

Песната, пред точно 20 години, во онаа повоена Македонија, за пееше на Евровизија Каролина Гочева, на текст на Франц. Текстот е до тебе народе мој македонски. Свести се, разбуди се, обедини се. Зад вистинските луѓе. Одбери ги од своите редови и ти крени ги на рацете, да не поведат. Исто како спортистите. Најдобрите, напред. Не полтроните, не медиокритетите, не лоповите, не кодошите. И одиме во битка, во бој. Како велеше Гоце, културен напредок меѓу народите. Има оваа МАКЕДOНИЈА што да даде, во сите полиња на живеењето. Има тука добри луѓе, вредни луѓе, чесни. И не, нема да редам народи и етнички заедници. Секој за мене секој е ист, како вчера на теренот. За мене, Артим Шаќири е поголем од оној со „златната копачка“! Како што реков, најдобрите напред!

Браќа и сестри, каде ќе сме и кои, ТОА ОД НАС ЗАВИСИ!

Ветар ми носи,
Спомени од едно време.
Што се чини толку далечно.
Но сега се смени,
Се изгуби сјај!
Снегот што вее,
Во мене грее стара љубов.
Што ми дава желба за живот,
Но пак ќе се сврти тркалото, знај!
Ајде пробај, замисли си,
За миг, едно место,
Eдно парче земја, на југ.
Може за тебе, да биде рај.
Тоа знај, од нас зависи!
Сега сме сите,
На исто место, ова време.
Што се чини толку нејасно!
Но, пак ќе се сврти тркалото, знај.
Нели?
Замисли си,
За миг, едно место,
Eдно парче земја, на југ
Може за тебе, да биде рај.
Тоа знај, од нас зависи!
Ајде пробај, замисли си,
За миг, едно место,
Eдно парче земја, на југ!
Може за тебе, да биде рај!
Тоа знај, од нас зависи!

Александар Ристевски

 

извор: Курир.мк