Таа е дело на финската дизајнерка Laura Vainola и е нешто помеѓу играчка и мебел. Секој може да ја подреди табуретката на свој посебен начин, благодарение на многубројните прачки. Така Pally,никогаш не е иста.
Се состои од обрач и дрвени прачки, со обоени меки краеви, за да биде удобна за седење. Обрачот во кој се редат прачките е тврдо платно, врз кое секое дете може да си нацрта свој цртеж. Пали не е производ само за деца, таа е исто толку интересна и за големи деца. Засега е само прототип и се бара сериозен инвеститор, а ние се надеваме дека наскоро ќе ја видиме Pally и на нашиот пазар.