Објавен конкурсот за наградата „8 Септември“

Со државната наградата „8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници  за остварувања во областа на спортот.

Со наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план, се оддава признание на тренери (селектори и тренери) и спортски работници заради промовирање на Република Македонија во светот со остварени високи спортски резултати во меѓународниот спорт со кои се дава исклучителен придонес за развој на спортот во Република Македонија.На годишно ниво се предвидени пет награди од кои едната е за животно дело.

Висината на државната награда е десет просечни македонски плати исплатени во последните три месеци од годината, додека, пак, паричниот износ на државната награда „8 Септември“ за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеци на тековната година.

Иницијативата за доделување на државна награда ја доставува матичната национална спортска федерација, подржана од најмалку десет национални спортски федерации.

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ го сочинуваат: Зоран Радиќ, Ленче Алексовска, Арѓент Беќири, Томислав Андоновски, Иса Аслани, Горан Атанасовски, Сашо Поповски, Пепи Манасков, Гордана Нацева, Ѓорѓе Војновиќ, Горан Милковски, Драган Дојчиновски и Висар Ганиу.

You May Also Like