Ќе се одбележат 140 години од раѓањето на Гоце Делчев

Утре (сабота, 04.02.2012 година), со почеток во 11:00 часот, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје.

Високите државни и странски делегации ќе положат цвеќе откако, во црквата Св.Спас ќе биде одржана литургија на МПЦ (Македонската православна црква). По повод 140 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери, утре во црквата Св.Спас ќе настапи и мешаниот градски хор „Вардар“, под диригентско водство на Илија Атанасов.

Еден час подоцна ќе положат цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија, а во 12:30 часот и на споменикот во Градскиот парк во Скопје.

You May Also Like