Премиера на комичната опера „Аптекарот“ во МОБ

На 05.02.2013г. (вторник ) на малата сцена во МОБ, премиерно ќе се изведе комичната опера „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн со почеток во 20:00 часот.

 

Диригент на претставата е Виктор Митровски, режија и сценографија на Уши Хорнер од Австрија, избор на костими Марта Трендафилова и концерт мајстор Климент Тодоровски.

Солисти:
Семпронио : Дејан Стоев (05.02.13г.) , Зоран Даскаловски (06.02.13г.)
Грилета : Билјана Ѓуровска (05.02.13г.),
Александра Лазаровска – Василевски (06.02.13г.)
Менгоне : Јане Дунимаглоски (05.02.13г.), Никола Стојчевски  (06.02.13г.)
Волпино : Николина Јаневска

Станува збор за една весела и комична приказна, која веруваме дека на публиката  ќе ѝ се допадне.

Репризата на претставата ќе се изведе на 06.02.13г. (среда) со почеток во 20.00 часот на малата сцена во МОБ.

You May Also Like