Веројатно ви звучи познато, но децата се навистина нашето најголемо богатство. И треба да ги чуваме, да ги учиме и самите да се чуваат. Особено е важно секое дете да ги познава своите права.
Затоа, на денот на детето, 1 јуни, најдете време, седнете и поразговарајте со вашето дете, гушнете го силно, зошто тоа е не само ваше, туку и наше богатство.
Освен родителите, државата треба да води најмногу грижа за децата и да ги штити. Сите форми на заштита и помош, кои можат да се добијат, се опишани во специјален закон- Закон за заштита на детето.
А што во суштина значи тој закон?
Тоа е правото на секое дете на здравје, образование, потребата да се чуствува безбедно и заштитено. Многу е важно, детето да ги знае овие работи. Да знае, дека никој нема право да му наштети на неговото здравје, на било кој начин, да го повредува или лишува од право да оди на училиште.
Зошто е важно секое дете да ги знае своите права?
Кога детето ги познава своите права, нема да допушти некој да го искористи. Ако сепак тоа се случи, ќе знае каде и како да добие помош и закрила.
Ова во скратена форма, се најосновните права на секое дете…
-Секое дете има право да биде заштитетно.
-Секое дете треба да биде почитувано.
-Секое дете треба има право да расте во семејна средина или таква, која е блиска до неа.
-Сите луѓе, кои одговараат за детето, треба да ги стават неговите интереси на право место.
-Никој нема право да те повредува, тормози, потсмева или изолира.
-Никој нема право да те принудува да вршиш опасна работа или да те принудува да просиш.
-Сите деца имаат право да се изразат и да го кажат она што го мислат слободно. Секое дете има право да искаже мислење за сите нешта, кои го засегаат.
Л.Ѓ.