Oтворање на „Библиотечен центар за слепи и слабовидни лица“ во НУБ

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (четврток, 29.12.2011 година) со почеток во 14:00 часот, во НУБ „Свети Климент Охридски“ ќе се обрати на свеченото отворање на „Библиотечен центар за слепи и слабовидни лица“.

Библиотечниот центар за слепи и слабовидни лица е прв од ваков вид во нашава земја, а неговото функционирање ќе овозможи одредена категорија лица да се здобие со просторни и технички услови за продукција на книжен фонд во формати соодветни за слепите лица.

You May Also Like