Фестивал „Поетски синтези“ во Битола

Денеска (28 јуни, сабота) со почеток во 20:30 часот во Магазата во Битола, под отворено небо ќе се одржи шестиот по ред меѓународенпоетски фестивал „Поетски синтези“ во организација на Здружението за наука и култура „НОВА“ во рамките на Битолско културно лето 2014.

 

Magaza_Bitola

 

Фестивалот ќе го отвори проректорот на универзитетот „Св. Климент Охридски“ , д-р Пере Аслимоски, а ќе настапат поети од Србија и Бугарија, како и поети од: Скопје, Куманово, Струга, Тетово, Ресен и од Битола (Зоран Маслаковиќ, Ема Кацуљ, Кристиана Добраева, Мирјана Стојановска, Елена Пренџова, Ирена де  Одорико, Христо Петревски, Вера Антиќ, Бобан Богатиновски, Никола Илијовски, Весна Мундишевска и други. Во отсуство на поетот Н.Е Јожеф Бенце-амбасадор на Унгарија во нашата земја, благодарницата за учество ќе му биде врачена на унгарскиот конзул Сашо Јанакиевски.

Традиционално на фестивалот ќе биде доделена специјалната награда „Поетска муза“ за естетизација на поетски дискурс и интерпретација на песна.
На 29 јуни, на вториот фестивалски ден во малата сала на Домот на културата во 10 часот, ќе се одржи Симпозиум на тема: „Поетиката во македонската женска поезија“. Истовремено ќе биде промовиран „Зборникот на трудови“на симпозиумската тема каде се застапени 15тина критички осврти за поединечни  поетски книги на поетеси во македонската женска литература почнувајќи од првата поетеса во македонската литература Даница Ручигај, вели Мирјана Стојановска, организатор на фестивалот „Поетски синтези“и поетскиот симпозиум.

You May Also Like