На семинарот учесници и предавачи ќе бидат претставници од Русија, Италија, Германија, Унгарија од водечки компании во авионската и автомобилската индустрија.
Од 04 – 06 ноември 2014, Микросам АД ќе биде домаќин на вториот семинар на тема „Автоматизација во композитното производство“, кој заедно со Институтот за современи композити и роботика (СКР) за прв пат го организираа во 2012 година.
Пред официјалниот старт на семинарот, ќе говорат роф. Д-р Благоја Самак – основач на Институтот и претседател на Микросам АД како и Проф. Д-р Блажо Боев – проректор на Универзитетот Гоце Делчев.
Настанот започнува во вторник на 04.11.2014 година, со почеток во 08:30 часот, на Институтот за современи композити и роботика, во склоп на Микросам АД, на Крушевски пат бб, Прилеп 7500, Македонија.