Во Музејот на Град Скопје вечерва (понеделник, 15 октомври, 2012 година) ќе биде отворен Фестивалот „Златна лира“ со ретроспективен концерт насловен „Од опус 1 до опус 62“ на композиторот и музички уметник Димитрије Бужаровски.
Концертот е замислен како мултимедијален поерформанс во кој изведбите на авторот од неговиот пијанистички опус се комбинирани со видеа од неговите вокално-инструментални дела. Тој прави пресек од првото дело „Сонатина за пијано“ создадена во 1969 година, до последното дело напишано во мај ова година „Кабаре“
![muzej-na-grad-skopje [800x600]](http://arhiva.cooltura.mk/wp-content/uploads/2011/05/muzej-na-grad-skopje-800x600-480x360.jpg)