Како најава на Lovefest 2014, кој од 7 – 9 aвгуст ќе се одржи во Врњачка Бања, од петокот започна Љубовниот караван кој ќе ја обиколи цела Македонија.
Добра забава, многу љубов, и секако награди и можност да се купат билети за Lovefest ќе бидат главните одлики на овој караван, кој ќе вклучи и екслузивни диџеи од Македонија, но и од странство.
Караванот започнаво петокот во Amnesia во Тетово. Во саботата забавата се пресели во Cream Caffe во Гевгелија, додека во четврток(17.07) љубовните забави се селат во Club Lollypop(Куманово). Во петок(18.07), уште една забава за Куманово, овојпат во Касапски Круг.
Многу интересни содржини ќе го одбележат месецот пред одржувањето на фестивалот. Организаторот вели дека интересот е навистина , а во деновите пред нас истиот ќе биде уште поголем благодарение на Lovefest 2014 забавите низ Македонија.
