Штипската претстава „Самоубиство на осаменоста“ игра во Кавадарци

Денеска (петок, на 27 јуни 2014), во салата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе гостува Народниот театар од Штип со претставата “Самоубиство на осаменоста“.

 

Samoubistvo na osamenosta - Teatar Stip

Станува збор за текст на Неда Неждана, кој во штипскиот театар како гостин го режира Александар Мирошниченко од Украина. Гостувањето во Кавадарци на штипските актери е во рамките на Топлиот културен бран. Претставата е со почеток од 19.30 часот.

You May Also Like