Добивки без шега во првоаприлското Бинго бум издание

Магијата на првоаприското БИНГО БУМ донесе два добитника на премија Џек пот, едн линија …

loto Vreme za sreka photo

Во очи на денот на шегата, емисијата ВРЕМЕ ЗА СРЕЌА со првоаприлското коло на играта БИНГО БУМ внесе магија, забава и среќа во домовите на гледачите и играчите. Водителките Марјана и Маја маскирани како самовили и водителот Викса како волшебник, со својата магија и добро расположение направија вистинско шоу. Температурата во студиото се вжештуваше со забавата која пред, за време и по емисијата ја приреди групата БИОРИТАМ маскирани во Афро бенд на Џемс Браун, со главна нумера I FEEL GOD.

Кулминацијата на магичната забава се случи по само11 извлечени броеви од играта на среќа БИНГО БУМ кога се постигна гарантираната добивка ЏЕК ПОТ ЕДНА ЛИНИЈА. Темпетарурата потоа се пренесе не во еден, туку во два дома, бидејќи единасетиот извлечен број им донесе среќа на двајца добитници еден во Тетово и еден во Гостивар. Едниот добитник ја уплатил својата среќна БИНГО БУМ картичлка во среќното место МА ДЕ БЕ во Тетово, а другиот во Гостивар во среќното место ЈОТОН. Добитниците на ЏЕК ПОТ ДВЕ ЛИНИИ добиваат по 250.000,00 денари. Среќното место за ЏЕК ПОТ ЕДНА ЛИНИЈА овој пат беше КИКИ ТВИНС во Струга, а среќното БИНГО БУМ место е БАРТОН – Тетово, каде е оствaрена БИНГО БУМ добивката во ова 13то коло во 2014та.

Bingo Bum dobitnik -Tetovo 001

Државна лотарија на Македонија покрај редовните кола кои се реализираат секој понеделник на МРТ 1 ОД 20:30 во емисијата ВРЕМЕ ЗА СРЕЌА, подготвува и ВЕЛИГДЕНСКО БИНГО БУМ коло со гарантирана добивка за ЏЕК ПОТ ДВЕ ЛИНИИ, автомобил ПЕЖО 208. Среќниот добитник кој ќе прослави богат ВЕЛИГДЕН, ќе очекуваме да го дознаеме на денот на извлекувањето – 21ви април.

ЗА ДОБРО!

(комерцијлен текст)

You May Also Like