Санаториум го заврши снимањето на трите нови песни од новиот материјал: „Молитва“, „Кажи НЕ“ и „Молк“. Песните се работени во marryPHAT студио во Скопје, а за снимање беше задолжен Ивица Јанкуловски.
Првиот сингл наречен „Молитва“ веќе е достапен на јутуб, на веб страната на Санаториум, и на фејсбук профилот на Санаториум. Песната „Молитва“ е слободна за преземање во wav и во mp3 формат на веб страната на Санаториум.
Во наредниот период на интернет ќе биде објавено гаражно видео на песната „Кажи НЕ“ коешто е во завршна фаза, додека за песната „Молк“ планирано е да се изработи професионален видео спот. Потоа Санаториум планира повторно да влезе во студио и во два наврати да сними уште 6-7 нови песни. По завршувањето на снимањето на целиот материјал ќе биде издаден албум, а Санаториум ќе направи самостоен концерт.
Санаториум остануваат верни на својата досегашна ориентација, а во песните може да се препознае многу поголема зрелост како на авторски така и продукциски план.