“Life is easy” нов сингл на хеви-метал составот Steel Temple

Нов сингл на хеви-метал групата STEEL TEMPLE кој се вика ”Life Is Easy”. Новата песна е снимена во студиото „Кај Трајче“ и миксана од страна на Дарко Поповски-Блуз.


Песна премиерно беше отсвирена двапати на неодамнешниот камбек-концерт на музичката сцена на бендот, кој се случи во летниот клуб Хавана во месец јуни. Наскоро се очекува и целиот концерт професионално снимен и измиксан (видео и аудио).

Бендот постои од 2000-та година, со неколкугодишна пауза. Многу турнеи и концерти, меѓу кои најзабележителен им беше кастапот кога свиреа предгрупа на легендарните WHITESNAKE во Скопје, летото 2006-та година.

Во Steel Temple членуваат:
Филип Филиповски – вокал
Дениз Адил – Гитара
Маријан Петровски – Бас
Дарко Поповски – Блуз – Клавијатури
Урош Вељковиќ – Тапани

You May Also Like