Сузана Ѓорѓиевска е добитник на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ

Автор на расказот „Богу верен, в брани силен“ кој победи на анонимниот конкурс за наградата „Живко Чинго“ е Сузана Ѓорѓиевска од Прилеп.

фото: Радио Слободна Европа

 

Расказот на конкурсот бил пријавен под шифра „Огниште и пак огниште“, а одлуката ја донесе тричленото жири во состав Иван Џепаровски, Венко Андоновски и Славе Ѓорго Димоски.

Сузана Ѓорѓиевска, втора година по ред е победник на овој конкурс што го распишува општина Охрид. Минатата 2011 година, таа, наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“, ја доби за делото „Влегување во песната“.
Ѓорѓиевска е медицинска сестра и досега зад себе има три книжевни објави – стихозбирките „Сенки“ и „Срна“ и романот за деца „Сонувачот, купувачот и уште нешто“.

Доделувањето на оваа награда е во рамките на културната манифестација „Вечер на Чинго“ што годинава по 24 пат се одржува во Велгошти, родното место на Чинго.

You May Also Like