„Памперс“ на Широк сокак

Вечер (понеделник, 13 август, 2012 година) на Широк сокак,  концерт ќе одржи познатата битолска група „Памперс“. Концертот е дел од Бит фест.

„Памперс“ ќе потсетат на своите енергични рефрени, а пред обожавателите ќе промовираат и дел од песните од новиот материјал како најава за албумот кој ќе следува несен.

После концертот на Бит Фест групата „Памперс“ започнува мини европска турнеја низ Албанија, Србија, а на 23 ти август ќе настапат на познатиот фестивал во Унгарија, каде настап ќе има и познатиот англиски бенд  Kosheen.

You May Also Like