Изложба на Новица Трајковски – прв настан во новоизградениот Дом на култура „Илинден“

Утре (петок, 30.11.2012 година) со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ во населбата Илинден, ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Божествена љубов“, на академскиот уметник Новица Трајковски.

Ова е прв културно-уметнички настан што ќе се одржи во новоизградениот Дом на култура „Илинден“ во Општина Илинден, што пред две седмици на свечен начин беше предаден во употреба.

На изложбата ќе бидат претставени педесетина дела на Трајковски, кој е роден и живее во Општина Илинден, па оттука и најновите теми во неговото творештво се поврзани токму со неговото родно место. Новица Трајковски е познат по тоа што слика во циклуси и тематски серии, какви што се досега афирмираните циклуси „Меѓу сонот и јавето“, „Од очите н ангелот“, „Будење“, „Патници“, „Пат“, „Извор“ и „Љубов“.

You May Also Like