Kино Милениум – тековен репертоар

Еве што можете да проследните во следните денови на репертоарот на Градското кино Милениум во Скопје,  во ГТЦ:

КАКО ДА МЕ НЕМА

Самира е 29-годишна учителка во едно село во Босна, благородна, паметна и убава. Eден пролетен ден во нејзината кујна влетува непоканет млад војник кој ќе и нареди да си ги спакува куферите со што нејзиниот дотогашен живот целосно се менува. Како што небото зад неа се помрачува од чадот од палењата на куќите, така Самира зачекорува во нов свет каде што мирот е мисловна именка и каде што наместо дом, постојат само логори: транзитен логор, приемен логор, работнички логор, логор на смртта. Овој филм ја портретира борбата на Самира за човечност, нејзината потрага по надежта за преживување сред трагедијата предизвикана од конфликтите на Балканот.

Како да ме нема е филм напишан според истоимената популарна книга на Славенка Дракулиќ, според вистинска приказна…

(109 мин.)

Режија: Хуанита Вилсон

Улоги:  Наташа Петровиќ, Феѓа Штукан, Ирена Апелгрен,
Николина Кујача, Звездана Ангеловска

Проекции: 20:00 и 22:30 часот

ВИСТИНСКИ ЧЕЛИК

Годината е 2020, боксот како спорт замира и обичните боксери се менуваат со роботи. Чарли Кентон (Хју Џекман) пропаднат боксер кој не се снаоѓа добро ни во светот на робот боксот се обидува да „исплива“ од тешкиот живот и да ги врати парите што ги должи насекаде. Кога ќе стигне до дното тој ќе се здружи со својот осум – годишен отуѓен син Макс (Дакота Гојо) и ќе тренира робот за да стане шампион. Како што расте влогот во арената, Чарли и Макс, против сите верувања сепак добиваат уште еден обид за освојување на рингот.

(127 мин.)

Режија: Shawn Levy

Улоги:  Hugh Jackman, Evangeline Lilly, Dakota Goyo

Проекции: 17:30 часот

ШТРУМФОВИТЕ

(103 мин.)

Кога лошиот Гаргамел ќе ги избрка Штрумфовите од нивното село, тие од нивниот магичен штрумфовски свет ќе се најдат во светот на луѓето, токму во срцето на Њујорк.

Преку бројни и возбудливи авантури тие мора да најдат начин да се вратат во нивниот свет, пред да ги пронајде лошиот Гаргамел. Првата филмувана верзија на незаборавните сини јунаци од малите екрани.

Уште една голем авантура на Веле Штрумф, Лутко, Текнувало, Штрумфета… но овој пат преку гласовите на холивудските ѕвезди Ханк Азарија, Кејти Пери, Џорџ Лопез и многу други, кои ја прават оваа штрумфовска авантура уште поголема. Штрумфнете и бидете дел од неа.

Режија: Raja Gosnell

Улоги: Hank Azaria, Katy Perry, Jonathan Winters

Проекции: сабота/недела 11:00; 13:00 и 15:00 часот

Циклус Европски филм: СИТЕ ДОБРИ ДЕЦА

(Од понеделник 31.10.2011.)

Филмот „Сите добри деца” говори за израсну- вањето и емотивниот живот на Dara и Eoin млади Ирци, кои што по смртта на нивната мајка се селат во Франција кај нивната тетка…

Филмот премиерно е прикажан на филмскиот фестивал во Кан 2010 година.

Режисерката Алисија Дафи инспирацијата за филмот ја наоѓа во романот „The Republic of Trees“ на британскиот писател Sem Tejlor.

Режија: Alicia Duffy

Улоги: David Brazil, Kate Duchêne, Martin Firket

Проекции: понеделник-петок од 13:00 и 15:00 часот

You May Also Like