Претставата „Работниците умираат пеејќи“ ќе гостува во МНТ

Регионалната платформа за активизам „Лице в лице“ на македонската публика  ќе ѝ го претстави апсолутниот победник на фестивалот „Стеријино позорје“,претставата „Работниците умираат пеејќи“ која гостува во Македонскиот народен театар на 17 октомври со почеток во 20:00 часот.

Претставата е копродукција меѓу фондот „Хартефакт“ и српскиот театар „Битеф“. Работена е според драмата на Олга Димитријевиќ, која победи на конкурсот на „Хартефакт“ за наjдобар современ општествено ангажиран текст за 2010 година. Режијата е на Анѓелка Николиќ.

Преку брехтовскиот театарски израз, “Работниците умираат пеејќи“ дава поглед кон мачните промени што ги донесе долгогодишната транзиција. Ова е текст што навлегува во проблемите со кои се соочува работничката класа,која секојдневно тоне во грижите што произлегуваат од високата невработеност,но и од несолидарноста, поткупливоста, слабоста што преминуваво чувство на беспомошност.

Ова не е само претстава низ која се соочуваме со проблемите што ги донесе транзицијата,  туку и опомена дека недостига храброст, решителност и силна волја за да се направи нешто, прво на индивидуален, а потоа и на општествен план.Еден од патиштата за излегување од калта е претставен со изборот на фолк-пејачката, која изведува познати рефрени на турбофолк-нумери, кои се пародија на сцената што доминира низ транзицискиот период како лек за широкитенародни маси. Ефектот е засилен со четири мајки на сцената, кои на познати песни од српскиот фолклор пеат оплакувачки рефрени.

Во претставата играат Милан Ковачевиќ, Игор Боројевиќ, Марија Бергам, Марија
Миленковиќ и други. Кореограф е Далија Аќин, а композитор Дарко Аџиќ. Претставата премиерно се одигра минатата година на матичната сцена на театарот „Битеф“ во Белград, беше дел иод Фестивалот на малите сцени во Кикинда каде што Николиќ бешенаградена за режија. Во Нови Сад, пак, постановката понесе шест Стеријини награди.  На почетокот на месецов гостуваше и на фестивалот МЕСС во Сараево, какои на „Јоакиминтерфест“ во Крагуевац.

You May Also Like