Пет дена модна возбуда во Скопје

Минатата недела (18-23 октомври 2011 година) се одржа скопската модна недела – FWSK, на која беа претставени најновите колекции есен – зима, за 2011/12 година од бројни македонски автори.



Со слоганот “Добре дојдовте во светот на модата” како што започнуваше секоја ревија, манифестацијата „Моден викенд Скопје“, го закити нашиот град и оваа сезона. Покрај разноликите ревии на наши познати дизајнери, како и групни ревии, оваа година програмата се состоеше и од интересни проекти кои му дадоа свежина на овој светски настан.

Кога сме веќе кај остатокот од светот, Модните недели низ светските метрополи претставуваат невиден спектакл, случување кое знае да го размрда буквално целиот град во еден правец – МОДА. Тоа се неколку дена кога се зборува само за тоа, насекаде и секој е перокупиран со тоа што ќе претстават дизајнерите оваа сезона.

Факт е дека креаторите се тие кои ја диктираат модата, факт е и дека модата е вид на уметност, а бидејќи преку перките на уметноста допираме до она што се вика култура, www.cooltura.mk ги проследи ревиите, па ви ги пренесуваме впечатоците низ нашата призма.

Од нашата cool tura, што ја направивме, констатиравме дека оваа година посетеноста на ревиите за жал не беше голема,  а имаше толку многу што да се види. Ваквите манифестации заслужуваат поголема публика, простор…

Каде е проблемот, дали кај нас модата не е толку важна? Дали кај нас само јet-set ликовите се интересираат што има ново на модната писта? Одредени креатори го преполнија просторот, но што со останатите? Модната култура мора да се издигне на повисоко ниво, имаме креатори кои буквално можат за буквално две минути да предизвикаат огромна модна возбуда во вас. Модата има посебен јазик на кој ни зборува , и за разлика од останатите јазици, овој јазик не се учи, треба да го пронајдете некаде длабоко во себе.

Што ни претставија македонските дизајнери за оваа сезона?

 

Елена Лука


Креаторката Елена Пандева Китрозоска, оваа сезона не почести со осуманесетина модели со единствен печат – силата на модата. Впрочем и насловот на колекцијата гласи “Fashion Force”.

Елегантни креации налик на униформи за урбани и уникатни жени со вратоврски со јаки бои, кои оставаат силен впечаток. Бели кошули како основа заокружени со уникати модни додатоци, здолништа и пантолони со висок струк и ремени кои ја истакнуваат половината, итскнати јаки и тесни елечиња над кошулите, џемпери, мантили… сето тоа искомбинирано со високи чизми до над колена, кои ќе бидат тренд.

За оваа колекција дизајнерката се служела со топли есеснки и зимски матријали како  кадифе, чоја, еко- крзно, кепер.

 

Во следните постови ќе ви ги презентираме и дел од останатите креатори.

Александра Овчарска

You May Also Like