Песни од македонски поети во романско списание

Песни од македонските поети Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Веле Смилевски, Кире Неделковски и Димо Н. Димчев, се објавени во новиот број на романското списание за култура „Хелис“.

Во списанието е објавен прилог во кој на романските читатели им е претставена меѓународната книжевна манифестација „Рацинови средби“.

Главен уредник на списанието, кое излегува еднаш месечно, е познатиот романски писател Георге Добре, а песните од македонските поети на романски јазик ги препеа Димо Н. Димчев.

Инаку, неодамна во годишниот зборник на Друштвото на писатели на Романија беа објавени и избрани песни од современите македонски поети Раде Силјан, Милош Линдро, Димо Н. Димчев, Јовица Тасевски – Етернијан и Виолета Танчева-Златева.

 

You May Also Like