Изложбата на фотографии снимани од мобилен телефон, пропратена со несекојдневен и невообичаен настан која се одржа во минатиот петок на кровот од терасата на хотел „Дувет“,од средата е поставена во кафе бар „Кала“.
Изложбата се состои од фотографиите направени со мобилен од Слободанка Тренчева – Боте, @botovacha и објавени на Instagram.
Следејќи го својот фотографски потенцијал и сопствен сензибилитет, во фотографиите на @botovacha провејуваат урбани мотиви, пејсажи од познати светски дестинации, портрети на личности од јавниот живот, интересни моменти со богат колорит.