На 27 септември 2014 год (сабота) од 11:00 до 17:00 часот здружението за борба против рак и леукемија кај децата „Пеперутка“ ќе организира акција со цел да им се обезбеди најпотребното на малите херои кои се лекуваат на детската клиника за онкологија, а со тоа да се олесни товарот што го носат нивните родители.
Од „Пеперутка“: „Она што е потребно се таблети Silymarin, пелени 11-25 kg и пелени 18-30 kg, средства за лична хигиена (шампони, купки, антисептици, антибактериски сапун, влажни марамици…) нова постелнина за 18 кревети, играчки, боенки, сликовници, блокчиња, боички…
Акцијата ќе се одржи во просториите на Родителската куќа „Пеперутка“ која се наоѓа во Градски Трговски Центар, кај поранешната автобуска постојка (поранешна 57), до билетарата на ЈСП.
И би ве замолиле да се држите до списокот на потребни работи, за да им се достави тоа што е неопходно. Облека не е потребна“ – велат од здружението „Пеперутка“.