Ian Pooly во Сектор 909

Вечерва,  (петок, 22 јуни) во летниот клуб Сектор 909 ќе гостува познато лице на македонската публика, секогаш актуелниот германски house диџеј, Ian Pooley.

Pooly e активен на европската house сцена повеќе од 20 години. Во својата кариера има ремиксувано артисти како Daft Punk, Dee-Lite, The Cardigans и создадено house и техно класики како Balmes, 900 Degrees, Chord Memory, Coracao Tambor…

Toj има издадено 4 албуми и преку 50 сингл изданија за издавачки куќи како NRK, Ministry of Sound, Ovum и сопствената Pooled Music и навистина ретки се диџеите кои во својата торба немаат некоја од неговите плочи. Во 2006-та година Ian Pooly го напушта својот роден град Мајнц и се сели во Берлин.

Како загревање пред неговиот настап во Сектор ќе настапи скопскиот диџеј Александар Мискоски. Забавата започнува на полноќ.

You May Also Like