Mанифестација „Денот кога се роди добриот човек“ во Кавадарци

Во четврток, на 10 јули 2014, во Кавадарци по трети пат ќе се одржи Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“.

denot_koga_se_rodi_dobriot_covek

Оваа манифестација е посветена на еден од култните градски ликови на Кавадарци – Дејан Костов Лиса, човекот кој беше дел од кавадаречката уметничката сцена како прв соработник на најдобрите ликовни уметници (Кирил Мукаетов, Ристо Соколов Сокол…), дел од алтернативните културни случувања (ликовни изложби, промоции на книги), дел од малубројната но респектабилно активна градска андерграунд сцена (рок концерти и фестивали). И самиот креативец, несебично давајќи се себеси во сите активности, остави неизбришлива трага на автентичната урбана кавадаречка културно – уметничка сцена. За жал, прерано замина.

Група негови пријатели во 2012, на денот на неговото раѓање (10 јули) ја покренаа манифестацијата “Денот кога се роди добриот човек“, во меѓувреме формирајќи го Здружението за алтернативна култура “Алтер – Центар“, кое денес се јавува како организатор на манифестацијата. Во четврток, на третото издание на манифестацијата, на премиерно за оваа прилика ангажирана сцена во Градскиот парк во Кавадарци (на платото над ресторан “Бриони“) ќе настапат рок музичари, поети, актери, фотографи и ликовни уметници, бројни пријатели и соработници на Дејан Костов Лиса. Настанот започнува во 20.30 часот.

You May Also Like