На сцената на Заливот на коските кај Градиште, вечер (сабота, 21 јули), во рамките на „Охридско лето“ закажана е втората премиерна изведба на претставата „Архелаос“ на Јордан Плевнеш, во режија на Владо Цветановски, а во продукција на Драмскиот театар од Скопје.
„Архелаос“ премиерата ја имаше на годинашното издание на Фестивалот на античка драма во Стоби, а по втората изведба во Охрид, поради специфичноста на претставата, авторот Плевнеш, режисерот Цветановски, како и актерската екипа од Драмскиот театар, најавуваат и трета премиера на матичната сцена во Скопје.
Поднасловот на „Архелоас“ е „Почеток на народите“, а во неа играат: Рубенс Муратовски, Игор Ангелов, Жарко Димоски, Трајанка Илиева и други. Сценографијата е на Владо Ѓорески, а костимите на Елена Дончева.