Нов сингл на Ај Кју (Eye Cue) со наслов “There’s a chance”. Ова е петти сингл од вториот сеуште необјавен албум на бендот, по претходните “Не заборавај”, “Иста патека”, “Сон” и “Боби баш ми е гајле”.
Песната е комплетно авторско дело на лидерот на бендот Бојан Трајковски, кој воедно се погрижи и за снимањето и продукцијата на песната во своето студио “Мјузик Хаус”, додека постпродукцијата и овој пат се работеше во студиото “Аудио Беј Мастеринг” (Audio Bay Mastering) во Соединетите aмерикански држави. За песната е планиран и видео спот, а истата ке се најде на вториот по ред албум кој ке излезе во текот на 2014 година.
Во моментов бендот работи на новиот материјал, а во најава се и настапи на некои домашни и странски фестивали.