Викендов, во организација на Шаховски сојуз на град Скопје, во просториите на Општина Кисела Вода, а под покровителство на Град Скопје, се одржа традиционалната спортска манифестација, Шаховскиот турнир „Скопје опен 2012“.
Дејан Стојановски ја одбрани титулата градски првак на Скопје, откако победи на Отвореното градско првенство во шах, коешто овој пат се одигра со забрзано темпо.
Скопскиот Интернационален мајстор освои 7 поени од 9 одиграни партии во конкуренција на 81 натпреварувач, главно од Република Македонија, но и претставници од Република Бугарија и од Република Полска. Второто место го зазеде Зоран Танчев, а трет беше велемајсторот Трајко Недев, и двајцата со ист број поени со победникот, но со послаби дополнителни критериуми.
Град Скопје, годинава за одржување на оваа Манифестација, од Буџетот одвои финансиска поддршка од 100 000 денари