Холандскиот диџеј и продуцент Lapien доаѓа во Капан Ан

На 21 март, во организација на скопската промотерска организација Drop Series, во Скопје од Берлин доаѓа Lapien, со неговиот електро проект Metropolis.Настапот е во Капан Ан со почеток на полноќ.

lapien

Lapien или Metropolis е едно од најсвежите имиња во електронската музичка индустрија, а доаѓа од Холандија. Во моментов живее и работи во Берлин и со своите многубројни изданија во релативно краток временски период, успева да го сврти вниманието на многумина диџеи и издавачки куќи кои будно го следат неговиот грув.

Lapien дебитира во 2009тата година со својата прва плоча за британската издавачка куќа Bliq, а под псевдонимот Metropolis, се појавува на издавачки куќи како Other Heights, Field Records, Sequencias, Photic Fields. Со оваа серија на изданија, неговиот материјал беше топло дочекан во сетовите на Milton Bradley и многу други, а неговото издание за Other Heights беше номинирано за издание на 2013та година во Њујоршката плочата Dope Jams. Заедно со Robin Koek, се кријат позади псевдонимот Artefakt. Песните “Other Sun” и “Mirror Society” се појавуваат на холандскиот техно лејбл Field Recordings, каде што техното се третира повеќе како арт форма, а не како нешто што само треба да функционира на подиумот. Последна нивна трака е “Twilit” која неодамна се појави на Prologue Music. Неговата инволвиранот на различните полиња на андергроунд денс сцената, допринесоа Lapien да биде препознаен по својот квалитет и иновативност, и не е случајност тоа што неговите диџејски и настапи во живо можат да се чујат низ многу клубови низ Европа. На 21 март, Drop Series го претставува неговото гостување во Скопје, на подиумот во клубот Капан АН, каде што публиката ќе го има задоволство да ужива во неговиот настап во живо. Домашна поддршка на овој настап ќе бидат резидентите Vidinovski и Mileskaya, додека за визуелниот дел ќе се погрижат Lazy Kidz Visuals.

You May Also Like