Промоција на книга за Македонија од Леонард Шулце Јена

Друштвото за издавачка дејност „Мaкедоника литера“ од Скопје и Амбасадата на СР Германија во Скопје, организираат промоција на книгата „Македонија – предел и култура на живеење“ од Леонард Шулце Јена, во превод од германски јазик на Слободанка Поповска.

promocija_makedonija_lsulce_jena

Промоцијата ќе се одржи на 20.03.2011 (четврток), во 12,00 часот, во Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. За книгата ќе зборуваат: проф. д-р Волф Ошлис, славист и македонист од Германија, проф. д-р Зоран Тодоровски, г-ѓа Гудрун Штајнакер, амбасадорка на СР Германија во Македонија и Нове Цветаноски.

Оваа книга, која првпат е објавена во 1927 година, се смета за една од првите научни монографии за Македонија и сега првпат е преведена и публикувана на македонски јази во издание на „Македоника“. Книгата содржи близу 150 фотографии, графикони и карти, меѓу кои и голема карта на која, врз основа на своите истражувања, Леонард Шулце Јена ги утврдил границите на Македонија.

You May Also Like