Охридско лето: Ден во чест на Стриндберг

Денеска (сабота, 11 август, 2012 година) со два настани во рамките на Охридско лето се одбележува 100- годишнината од смртта на шведскиот писател Август Стриндберг.

Во 19:00 часот во Центарот на културата ќе биде отворена изложбата „Стриндберг и уметноста на фотографијата“ на која ќе бидат презентирани 80 фотографии на Стриндберг, повеќето портрети. Изложбата е составена од четири дела, „Импресионистички фотографии“, „Соработка со други фотографи“, „Небесни слики“ и „Психолошки портрети“.

Во 21:00 часот во Домот на културата „Григор Прличев“ шведскиот театар „Интима“, односно актерката и режисерка Ана Петерсон ќе ја изведе една од најпознатите драми на Стриндберг – „Госпоѓица Јулија“. Петерсон ги толкува трите главни лика, а со неа на сцена има и камера која го бележи нејзиното движење. Единствената сценографија е белото платно каде дирекно се емитува видео-материјалот.

You May Also Like