Eye Cue на топ листата Домачица на MTV Adria

Помина и првата недела од ексклузивно промовирање на новиот спот на  Eye Cue на MTV Adria. По премиерата на најпознатата музичка телевизија, оваа недела бендот се најде директно на 9-тото место. Почнувајќи од денес, спотот е достапен за емитување на домашните телевизии.

Песната се вика „Иста патека” и е авторско дело на бендот, а за истата можете да гласате ТУКА. И овој пат, песната е снимена и продуцирана во студиото Ентерпрајз на Валентино Скендеровски.

Спотот е снимен во режија и камера на Огнен Шапковски, камера на Кристијан Теодоров и сценографија на Влатко Чачоровски – Чоле.

—————————————————————

Eye Cue е бенд кој на македонската музичка сцена е присутен од 2007 година, кога за првпат се појавија со синглот Магија. Следеше албумот Superstar Wannabe, од кој произлегоа 5 успешни видео записи за песните Магија, Superstar Wannabe, Glowing Lips, Not This Time, а подоцна и Не лути се човече.

Видеото за песната Not This Time своевремено се најде на првото место на MTV Adria и беше вброено меѓу 20-те највртени нумери за 2010 година. По овој успех следеше и MTV Express – емисија во која беа изведени три песни од албумот во акустична верзија. Бендот е активно присутен и на клупската сцена, а има настапувано и на бројни регионални и европски фестивали.

You May Also Like