Вечерва (понеделник, 2 јули) со почеток во 20:00 часот е отворањето на изложбата „Хар, Ти Ја“ во галерија ОКО на уметниците Ива Јосифова и Александра Хаџи-Наумова.
Ива Јосифова е родена 1980 год. Има организирано 5 самостојни изложби, а учествувала на бројни групни изложби во земјава и странство (Венеција, Љубљана, Бари и Париз)
Александра Хаџи-Наумова е родена 1980 год. во Скопје. Дипломира во 2004 год. на ФЛУ Скопје, отсек сликарство, насока рачно изработена хартија. Зад себе има осум самостојни изложби во Македонија и Јапонија и повеќе групни претставувања во земјата и странство.
Проектот Хар, Ти Ја е заедничка изложба на уметниците Александра Хаџи-Наумова и Ива Јосифова.
Проект каде обединувањето не значи загрозување и прилагодување на ликовниот, уметнички интегритет на учесниците.
Комбинација на автори,концепти, техники, чувства, бои, со или без интервенции…
Уметнички сензибилитет и визуелна нарација поткрепена со зборови или без нив …изразена на врзивното ткиво и доминантна техника – рачно изработена хартија.
Проект на Галерија ОКО под покровителство на Град Скопје, потпомогнато од АД Скопска Пивара. Галерија ОКО Ул. Македонија бр.5, Скопје.