Научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“ почнувајќи од денес ќе се одвиваат во Крушево …
Во Крушево вечер ќе бидат отворени традиционалните научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“. Активностите почнуваат со посета на Спомен куќата на Смилевскиот конгрес полагање цвеќе пред споменикот Дамјан Груев, пречек на коњаниците пред столбот на Крушевската република и полагање цвеќе на Гумење.
На отворањето на средбите ќе биде прочитан Крушевскиот манифест, по што следуваат церемонија на изнесување и подигање на бајракот на столбот на Крушевската Република, културно-уметничка програма, огномет и импровизација на пукањето на црешовото топче.