Eye Cue и Леа со видео за обработката на „Не заборавај“

Денес излезе новото видео на Eye cue и Леа за песната „Не заборавај“. Овој поранешен хит на Калиопи во едно ново руво, во анплагд верзија во која до израз дојдоа исклучителните вокални квалитети на Леа, ќе биде едно вистинско музичко уживање во овие зимски денови, за сите љубители на квалитетна музика.

Оние кои ги следат живите настапи на овој состав, знаат дека оваа верзија на „Не заборавај“ е навистина незаборавна. Видеото е дело на Огнен Шапковски, текст и музика на Калиопи. Уживајте!

 

You May Also Like