Канческа-Милевска ќе го отвори традиционалниот Вевчански карневал

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, утре, (петок, 13 јануари 2012 година) со почеток во 14:30 часот во Вевчани, ќе се обрати на отворањето на традиционалниот Вевчански карневал.

Една од најголемите културни манифестации во земјава, Вевчанскиот карневал е посветен на Свети Василиј Велики- заштитникот на вевчанските василичари со кој воедно се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.

You May Also Like