Изложба на Симон Шемов во „Матица ексклузив“

Во „Матица ексклузив” вечерва (среда, 20 март) со почеток во 19:00 часот,  ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Симон Шемов, кој ќе се претстави со нови 36 дела.

Ќе биде промовирано и библиофилското издание на Шемов „Медиум – целулоза” – рачна изработка на хартија, видови целулоза од домашно поднебје и нивна паралела со веќе познатите целулозни суровини.

Симон Шемов спаѓа во редот на водечките имиња во македонското сликарство. Во изминатите плодни творечки години остварил триесетина самостојни изложби низ Македонија, како и во Белград, Братфорд, Лондон, Единбург, Њујорк, а учествувал на над 220 групни изложби. Добитник е на значајни национални и меѓународни награди.

Изложбата на Шемов во „Матица ексклузив“ ќе ја отвори проф. д-р Иван Џепаровски.

You May Also Like