Ирена Којкова Пејович изложува во Питсбург (САД)

Дело од Графичката колонија “Софија” – Богданци, изработено од Ирена Којкова Пејович, патува за Питсбург, САД на интернационалнатa изложба Art Inter/National, која ќе се отвори на 14-ти јануари 2012 година во Питсбург, Пенсилванија.

Нашата сонародничка, Ирена Којкова Пејович од Гевгелија, ќе биде учесник на 11-та Годишна изложба Art Inter/National, која ќе се отвори на 14ти јанурари, 2012 година во Box Heart Gallery во Питсбург, Пенсилванија, САД. Повеќе од 500 апликации, од регионални, национални и меѓународни уметници, се испратени до галеријата оваа година. Од овие апликации, 20 уметници се избрани за учество и 25 уметнички дела во различни медиуми ќе бидат изложени на 11-та Годишна Изложба Art Inter/National.

Ирена ќе ја претставува Македонија со графика изработена на минатата Графичката колонија “Софија”, која се одржа во aвгуст, 2011 во Богданци. Нејзината Соларна акватинта “Swirl” е една од првите соларни акватинти изработени на овој простор и Графичката работилница “Софија” е единственaтa во Македонија која нуди услови за Соларна акватинта. Соларната акватинта е нова графичка техника во која преку користење на плочи со фотополимер емулзија и УВ зраци, се создава акватинта плоча, а во исто време се избегнуваат токсичните хемикалии кои се користат во традиционалната акватинта.

Родена во Гевгелија, во 1981 година, Ирена Којкова Пејович, заврши на отсекот Применета графика во Средното училиште за применета уметност “Лазар Личеновски” во Скопје. Пејович замина за САД, подготвена да се пробие, да го открие нејзиниот сопствен “естетски глас”, за кој во текот на последните 10 години, Пејович е среќна да каже: “Го пронајдов”. Не изненадавува фактот дека нејзините дела често отсликуваат тела кои се пробиваат од својата кристална форма; на многу начини, тоа е како таа се чувствува како уметник.

Своето образование Ирена Којкова Пејович го продолжи во САД на Државниот универзитет во Montclair, New Jersey, каде што дипломира Графика во 2003-та година. Но, нејзиното “практично” и “духовно” образование доаѓа од процесот на запознавање на самата себе. Инспирирана од културата на нејзината родна Македонија, Пејович создава уметност, која е полна со движење. Таа самата се претставува како форма во слободни акробатски пози, во игра и во постојано движење и амбиција – многу често нејзините дела ја опишуват нејзината моментална емотивна фаза.

Во “Swirl” , Пејович го претставува нејзиното движење низ просторот повеќе апстрактно, целосно заминувајки од фигурата во замена на густи, прекшени линии. Понекогаш нејзините тела се растителни, слободни, создаават стапици, за кои, иронично, таа вели, дека ќе им овозможи да бидат заробени уште еднаш – само што овој пат на повеќе значаен (и, во крајна линија, уметнички плоден) начин. Ирена, вели: “Со други зборови: Понекогаш надминуваањето на своите граници е најдобриот начин да се запознаеш самиот себе си – и целосно да го населиш сопственото тело, и да се чувствувааш удобно во својот простор”

Ирена Којкова Пејович неодамна беше дел од Графичкта колонија Софија, Богданци. Нејзините дела од оваа колонија можат да се видат на www.irenapejovic.com/SolarEtchingSeries.php .

Таа моментално живее и работи во Cranford, Њу Џерси. Таа е член на Центарот за графика од Њу Џерси и Lower East Side Print Shop, графичкиoт центар во Њујорк.

You May Also Like