Македонскиот бенд Eye cue се најде на листата за избор на 100 најдобри спотови во 2012 година на MTV Adria.
Во конкуренцијата на Eye cue се наоѓаат 150 светски реномирани изведувачи со своите добро познати хитови, како и изведувачи од Балканот со спотови од 2012 година. Гласањето ќе трае до 31-ви декември во 16:00 часот, кога на MTV Adria ќе биде емитувано одбројувањето до првото место.
Инаку, нашите Eye cue се единствениот македонски бенд кој оваа година се најде на листата. Да ги поддржиме да влезат меѓу 100-те најдобри! За гласање кликнете ТУКА.