Синоќа (среда, 1 октомври) во киното Милениум, пред скопската публика премиерно беше прикажан најновиот филм на Антонио Митриќески „Деца на сонцето“.
– Треба да даваме и шириме љубов исто како сонцето – со овие зборови режиерот Митриќески ја поздрави публиката и и’ се заблагодари на екипата која работеше на филмот.
Освен режисерот на сцената се појавија и актерите: Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Билјана Таневска, Милица Стојанова, Александар Миќиќ и други.
Продуцентот Дарко Милошевски рече дека филмот не е завршен, дека неговиот пат допрва почнува и го најави следниот голем проект на кој ќе работри најголемиот дел од екипата, а е поврзан со Цар Самоил.
„Деца на сонцето“ е приказна за семејството и лојалноста, љубовта и загубата, предавството и искупувањето. Додека мафијата го уништува животот на едно големо семејство и ги остава на работ на егзистенција, силна и тајна љубов се разгорува помеѓу Марко (гангстер) и Ангела – двајца млади љубовници. Одеднаш среќата му се насмевнува на семејството…