„Самсон и Далила“ на репертоарот на МОБ

Денеска (среда 10 октомври, 2012 година), со почеток во 20:00 часот, на сцената на МОБ ќе се изведе  балетската претстава  „Самсон и Далила“ од Камиј Сен – Санс. Кореографијата е на Роналд Савковиќ од Хрватска.

Во претставата учествува  Џенгиз Ибрахим, со амбиентална изведба на дел од музиката.
Вокал: Вероника Ронда (Шпанија)
Пијано: Пабло Салинас (Шпанија)
Филмска музика – звучна обработка: Дарко Димитров

Балетот е во два чина.
Дејствието се одвива во Газа, Палестина околу 1150 година п.н.е..

Солисти:
Ивана Коцевска во улогата на Далила, Јован Веселиновиќ (Србија) во улогата на Самсон, Мими Поп Алексова во улогата на Крв, Бобан Ковачевски во улогата на Месо и Билјана Пашариковска во улогата на Зло.

Настапува целиот балетски  ансамбл на МОБ.

You May Also Like