EAVE во соработка со Филмскиот фонд на Македонија организира работилница во склоп на Фестивалот на европски филм Cinedays. На 16-ти и 17-ти ноември во МКЦ (Младинскиот културен центар) во склоп на фестивалот на Европски Филм Cinedays, како ќе се одржи мини EAVE работилница.
Оваа работилница е наменета за македонските филмски продуценти кои сакаат да ги развиваат своите проекти како европски копродукции. Предавањата и презентациите на работилницата ќе ги водат:
– Kristina Trapp (Директор на EAVE, Луксембург),
– Rinna Sildos (Продуцент, Amrion, и Естонија) и
– Roshanak Behesht Nedjad (Продуцент, Flying Moon, Германија).
Оваа година освен работилницата на која се пријавени партиципанти кои се пријавиле по конкурс, ќе се организира и Отворена презентација за EAVE организацијата на која ќе можат да присуствуваат сите филмски професионалци и студенти. Отворената презентација на ЕAVE ќе се одржи на 16-ти ноември во ЕУ Инфо центарот со почеток во 18:00 часот.