Голем Божиќен концерт на „Скопските солисти“

”Божиќниот концерт” на камерниот оркестар ”Скопски солисти” и нивните реномирани гости од странство ќе се одржи на 08.01.2013 година (вторник) во Универзална сала-Скопје со почеток во 20:00 часот.

Покрај домаќините, камерниот оркестар ”Скопски солисти” на сцената на Универзална сала ќе се претстават и нашиот тенор Благој Нацоски еден од најафирмираните македонски оперски пејачи во светот, потоа еден од најдобрите светски сопрани од поновата генерација, Италијанката Марчела Орсати Таламанка, а диригентската палка му е доверена на маестро Алесандро Д’ Агостини од Италија.

На концертот ќе бидат изведени дела на најголемите светски композитори како: Жорж Бизе, Јохан Штраус, Моцарт, Петер Шуберт.
Ова реномирано збиднување од областа на класичната музика е во организација на  ”Универзална сала-Скопје”.

You May Also Like