Изложба „Археологија 2011“ во Музеј на Македонија

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (среда, 28.12.2011 година), со почеток во 19:00 часот во „Музејот на Македонија“ во Скопје, ќе ја отвори изложбата „Археологија 2011“.

На изложбата ќе бидат поместени околу 3500 артефакти пронајдени во текот на 2011 година, на 18 археолошки локалитети и тоа: Скопската тврдина Кале, Скупи и Таор во Скопје и Скопско, Стоби кај Градско, Антигонеа, Стибера кај Прилеп, Хераклеја Линкестис кај Битола, Плаошник, Самоиловата тврдина, Енгелана – Киклопски ѕидини во Охрид и Охридско, Исар Марвинци- Некрополите кај Валандово, Вардарски рид кај Гевгелија, Цареви кули во Струмица, Виничко кале, Исарот-Штип и Баргала близу Штип, Кокино кај Куманово и Тетовско Кале-Балтепе кај Тетово.

Станува збор за петта по ред ваква изложба.

You May Also Like