„рН неутрална историја“ на Лидија Димковска опфаќа песни од нејзините последни поетски збирки, а изданието го објави „Копер Кенјон прес“.
„Копер Кенјон прес“ важи за една од најдобрите американски издавачки куќи за поезија и веќе 40 години објавува дела од реномирани американски и странски поети, меѓу кои и Тед Кузер, Мервин, Пабло Неруда, Октавио Паз, Тагоре, Одисеас Елитис, Чеслав Милош, Махмуд Дарвиш, Јаан Каплински, Ларс Густафсон, Павезе…
Веднаш по објавувањето на книгата, њујоршката ревија за литература „Паблишерс Викли“ на Димковска и’ посвети „критика со ѕвезда“ што е реткост за поетските книги. Во критиката стои дека таа не поставува лесни прашања и дека нејзината поезија се соочува со еден свет кој е и слатко надреален и болно реален.