Во Прилеп се подготвува претставата „Антиумешност“

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се подготвува претставата „Антиумешност“ по текст на австралискиот автор Алекс Барун, а во режија на Саша Нацевски.

Алекс Браун во светската драматургија е познат како „Чехов на австралиската денешница“. Претставата „Антиумешност“ има урбани елементи и говори за тоа како пост-милениумската глобализација и суровата борба за успех ги девалвираат моралните вредности.

Во претставата играат: Милан Секуловски, Никола Настовски, како и Илија Волчевски, Димитрина Мицкоска и Ирена Мирческа (студенти на втора година на ФДУ, актерска игра).
Режисерот Саша Нацевски е исто така студент на ФДУ, отсек театарска режија  во класата на проф.Слободан Унковски и проф. Златко Славенски.

You May Also Like