„Сите птици се веќе таму“ го отвори Скупи Фестивал

Вчера (31 октомври 2014), претставата „Сите птици се веќе таму“ го обележи отварањето на осмото издание на меѓународниот театарски фестивал „Скупи Фестивал“.

pretstava_site_ptici_se_veke_tamu

„Сите птици се веќе таму“ е копродукција помеѓу Театарот Шлахтхаус од Берн, Швајцарија и Театарот Поколениј од Санкт Петербург, Русија.

Потписник на идејата и режијата е Еберхард Колер, кој околу себе собира интересна интернационална екипа од германско и руско говорно подрачје. Автори на текстот се Мато Кампф и Ариане вон Графенрајд, кои ја даваат основата врз која двојазичниот ансамбл ја осмислува претставата. Берскиот музичар Симон Хо ја развива музиката, односно звуците и акустиката на пејзажот во шумите. Данила Корогодски, уметничкиот директор на Театар Поколениј со своите сценски провокации создава дијалог со гледачите во кој се запазени видувањата на руската и швајцарската историја. Овие четири аспекти развиваат приказна која остава простор за различни перспективи и различни мислења.
Претставата има естетика на руски нем филм од 20тите години. Дејствието се развива од реалистична акција кон секвенци на сон во кои учесниците се претопени во светот на руските бајки. Шумата е симбол за несвесното. Слично како кај Шекспир во „Сон на летната ноќ“, луѓето се претвораат во животни, а преправените социјалисти од орнитолози во птици.

„Сите птици се веќе тука“ ќе има две изведби, освен на отварањето и денес, во сабота на 01.11. во 19:00 часот. Веднаш потоа ќе се прикажува претставата „И сега:Светот!“, во продукција на театарот кој минатата година ја освои наградата за најдобра претстава – Ландес Театар од Тубинген, Германија.

Во останатите фестивалски денови публиката ќе може да види претстави од Романија, Турција, Албанија, Бугарија, и копродукцијата помеѓу Србија, Хрватска и Словенија.

You May Also Like