Започнува „Поетската ноќ во Велестово“

Денеска и утре во охридското село Велестово се одржува 24-та „Поетска ноќ во Велестово“.

Годинава во Велестово доаѓаат писатели од Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и од Бугарија. Вечерва во 21:30 часот на Чешма првата поетска ноќ ќќе биде посветена на творештвото на раде Силјан за кој ќе говори Димитар Пандев.
Во рамките на манифестацијата ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Васко Ташковски, чии 20 репрезентативни дела ќе бидат изложени во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и во Домот на културата во Велестово. На отворањето ќе настапи и познатиот музичар Владимир Василевски-Четкар.

Во лапидариумот до Музејот на Робевци во Охрид утревечер за прв пат ќе се одржи меѓународната вечер на  која ќе учествуваат сараевската уметница Лејла Алимановиќ, Роман Kисиов, поет, уметник и препејувач од Бугарија и албанскиот поет Дашамир Мало.

You May Also Like