Денеска (петок, 31 август, 2012) во 11:00 часот во кафулето „Капри“ кај Млечен ресторан, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ ќе одржи прес-конференција по повод излегувањето на првата од серијата необични колумни на мајсторите на зборот Венко Андоновски и на светлописот Љупчо Илиевски во утрешниот (саботен) број на весникот.
Колумната со наслов „99 збора и 1 фотографија“ ќе излегува секоја сабота, а сетовите составени од оригинална фотографија и текст во ракопис, ќе бидат ставени на јавна продажба.
Собраните средства од продажбата, како и од завршната изложба на сите сетови (по една година), ќе одат во хуманитарни цели, за децата со посебни потреби